Градовите можат да бидат многу бучни, и иако пристапот до зелени површини каде што можете да избегате од хаосот е многу важен, понекогаш е тешко целосно да се избега од градскиот звучен пејзаж.
Затоа еден европски главен град воведува нови мерки. Според едно неодамнешно истражување, 13,6 отсто од жителите на Лисабон (што е околу 74.118 луѓе) се изложени на ниво на бучава од повеќе од 65 децибели, најмногу поради сообраќајот. Сепак, градските советници планираат да го променат тоа, пренесува Тајм аут.
Од 2014 година, постои акционен план за управување со бучавата во градот, кој вклучува карта за бучава, Лисабон во моментов има 12 области кои можат да се сметаат за „тивки зони“ – каде што бучавата од околината не треба да надминува 55 децибели во текот на денот, ниту 45 децибели во текот на ноќта.
Сепак, Општинското собрание во Лисабон одобри измени што ќе го зголемат бројот на овие зони за повеќе од двојно – на вкупно 26. Речиси 30 места каде што сите звуци на сирени, мотори и чкрипење на гумите ќе изгледаат како да се оддалечени со километри.
Но, не станува збор само за патниот сообраќај. Според порталот Суперкаса, Градскиот совет на Лисабон ги повикува другите институции, како што се пристаништето во Лисабон и Португалската агенција за заштита на животната средина, да вклучат податоци за поморскиот и воздушниот сообраќај во новата мапа на бучава.