петок, 2 јануари 2026

Ем-ти-ви ја заврши својата програма со истата песна со која започна (ВИДЕО)

Првиот специјализиран музички телевизиски канал во светот – Ем-ти-ви – го заврши своето постоење на Нова година со затворање на сите свои програми и платформи.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Последната песна што ја емитуваше каналот беше иста како првата: „Видеото ја уби радио ѕвездата“ од групата Баглс.

Видео спотот за споменатата песна, што симболично требаше да го прогласи крајот на музичката битка на радиото против телевизијата, за прв пат беше емитуван на 1 август 1981 година.

Сепак, како што пренесува списанието Пипл, Ем-ти-ви не е целосно мртов, бидејќи ќе продолжи да емитува свои специјализирани програми и серии, но каналите што беа посветени исклучиво на музиката ги завршија своите емитувања, тоа се однесува пред сѐ на Европа, Велика Британија, Австралија и Бразил.

Се додава дека Парамаунт, сопственикот на сите канали, официјално не ги соопштил причините за гасење на програмата, но се претпоставува дека станува збор за проценка дека повеќе не вреди да се работи на овој начин.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ