недела, 7 декември 2025

Експресно уништување на мозочните клетки: Оваа храна премногу брзо влијае на способноста за меморија

Исхраната влијае на мозокот многу повеќе отколку што мислиме. Ова го покажа нова студија на истражувачи од Медицинскиот факултет на Универзитетот во Северна Каролина (ЈуЕнСи), објавена во списанието Неурон.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Истражувањето откри како нездравата храна ги менува врските во центарот за меморија на мозокот, што доведува до ризик од когнитивна дисфункција. Новото истражување отвора врата за рани интервенции што би можеле да спречат дури и долгорочно губење на меморијата поврзано со дебелината, соопшти Медицинскиот факултет на ЈуЕнСи.

Истражувачите откриле дека специфична група мозочни клетки во хипокампусот, наречени ЦЦК интернеурони, стануваат хиперактивни по исхрана богата со масти (ХФД), поради намалената способност на мозокот да прима гликоза. Оваа прекумерна активност го нарушува начинот на кој хипокампусот ја обработува меморијата, дури и по само неколку дена исхрана богата со масти.

Овој тип на исхрана наликува на типична нездрава храна во западен стил, богата со заситени масти, како што се хамбургер и помфрит. Откритието исто така покажа дека протеинот наречен ПКМ2, кој контролира како мозочните клетки ја користат енергијата, игра клучна улога во проблемот.

„Знаевме дека исхраната и метаболизмот можат да влијаат на здравјето на мозокот, но не очекувавме да најдеме толку специфична и ранлива група мозочни клетки, ЦЦК интернеурони во хипокампусот, кои се директно погодени од краткотрајната изложеност на исхрана богата со масти. Она што најмногу нè изненади беше колку брзо овие клетки ја менуваат својата активност како одговор на намалената достапност на гликоза и како самата таа промена беше доволна за да ја наруши меморијата“, изјави доктор Хуан Сонг, професорка по фармакологија на Медицинскиот факултет на ЈуЕнСи и главен автор на студијата.

Моделите на глувци биле хранети со диета богата со маснотии, која потсетувала на масна нездрава храна, пред да започне тестирањето на однесувањето. Во рок од 4 дена од диетата со висока содржина на масти, резултатите покажале дека ЦЦК интернеуроните во центарот за меморија во мозокот станале абнормално активни. Резултатите сугерираат дека масната нездрава храна може да влијае на мозокот речиси веднаш, долго пред појавата на дебелина или дијабетес.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ