Истражувањето, кое било презентирано на годишната научна сесија на Американскиот колеџ за кардиологија од 28 до 30 март, следело повеќе од 340.000 возрасни Британци помеѓу 2006 и 2022 година, а со анализа на смртните случаи од кардиоваскуларни заболувања, откриено е дека умерените консументи на вино имале 21 процент помал ризик од смрт од оваа болест отколку луѓето кои никогаш не пиеле или повремено пиеле вино.
„Спротивно на тоа, дури и умерено пиење на жестоки пијалаци, пиво или јаболков пијалак беше поврзан со девет проценти поголем ризик од смрт од кардиоваскуларни заболувања, во споредба со оние кои пијат повремено или никогаш“, се вели во соопштението на Американскиот колеџ за кардиологија во Вашингтон, објави Фокс њуз.
Прекумерната консумација на алкохол, исто така, го зголемува вкупниот здравствен ризик, а луѓето кои внесуваат големи количини на алкохол имаат 24 проценти поголема веројатност да умрат од која било причина.
Според резултатите од студијата, луѓето кои внесуваат прекумерна количина алкохол имале 36 проценти поголема веројатност да умрат од рак и 14 проценти поголема веројатност да умрат од кардиоваскуларни заболувања.
Американскиот колеџ за кардиологија наведува дека студијата е набљудувачка, што значи дека наодите покажуваат поврзаност помеѓу смртноста и консумирањето алкохол, но не можат да докажат причина и последица.






