сабота, 6 декември 2025

Експериментален лек за рак покажува извонредна ефикасност

Истражувачки тим предводен од Медицинскиот универзитет во Виена, Истражувачкиот центар за биолошки науки Хун-Рен и Универзитетот „Етвеш Лоранд“ во Будимпешта разви револуционерен нов лек за хемотерапија, ЛиПиДај, кој покажа извонредна ефикасност.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Во претклиничките студии, единечна доза на ЛиПиДај речиси целосно го запрела растот на туморот кај модел на меланом, а кај ракот на белите дробови, третманот бил ефикасен и кај стандарден модел на глувци и кај модел со човечки туморски клетки кои не реагирале на вообичаени лекови.

Кај агресивни модели на рак на дојка кај глувци, третманот со ЛиПиДај доведе до речиси целосна регресија на туморот, додека кај наследните, тешки за лекување форми на рак на дојка, туморите беа трајно елиминирани.

ЛиПиДај, исто така, покажа активност против туморски клетки отпорни на повеќе лекови.

Во студијата се наведува дека извонредната ефикасност на ЛиПиДај е предизвикана од уникатен механизам, кој подразбира дека тој неповратно ги поврзува двата ланци на ДНК во клетките на ракот, предизвикувајќи оштетувања кои туморските клетки повеќе не можат да ги поправат, што на крајот води до нивно умирање.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ