вторник, 7 април 2026

Екипажот на Артемис 2 се обрати до целото човештво: Видоа нешто што никој досега не го видел (ФОТО+ВИДЕО)

По напнати 40 минути без комуникација, додека вселенското летало Орион беше зад темната страна на Месечината, екипажот на мисијата Артемис 2 повторно воспостави контакт со Земјата.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Тишината ја прекина астронаутката на Артемис 2, Кристина Кох, која рече дека е „неверојатно повторно да се чуе Земјата“, со силна порака до човештвото.

„Хјустон, Интегрити, проверете ја врската. Неверојатно е повторно да се слушне Земјата… Азија, Африка и Океанија, ве гледаме вас – слушаме дека сега можете да погледнете нагоре и да ја видите Месечината. И ние ве гледаме вас. Кога го лансиравме ова вселенско летало на Месечината, реков дека не ја напуштаме Земјата, туку ја избираме, и тоа е вистина“, рече Кох, додавајќи:

„Ќе истражуваме, ќе градиме, ќе правиме вселенски летала, ќе дојдеме повторно. Ќе градиме научни бази. Ќе управуваме со ровери, ќе се занимаваме со радиоастрономија, ќе основаме компании, ќе ја зајакнеме индустријата. Ќе инспирираме – но на крајот, секогаш ќе ја избираме Земјата. Секогаш ќе се избираме едни со други.“

Нивното патување ги однесе подалеку од Земјата од кој било друг човек во историјата, тие станаа и првите луѓе што набљудуваа делови од другата страна на Месечината со голо око, како и затемнување на сонцето.

Откако патуваа рекордни 406.771 километри од Земјата, соборувајќи го рекордот на Аполо поставен во 1970 година за повеќе од 4.000 милји, а потоа ја обиколија Месечината, астронаутите сега се на пат назад кон Земјата.

Враќањето ќе трае околу четири дена, а слетувањето во Тихиот Океан, покрај западниот брег на Соединетите Американски Држави, се очекува на 10 април во 20:07 часот по источно време.

Тимовите ќе користат хеликоптери за да ги извлечат астронаутите од водата и да ги префрлат на блискиот брод на американската морнарица. Тие ќе бидат подложени на медицински прегледи на бродот за време на враќањето на копно, соопшти НАСА.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ