петок, 11 јули 2025

Египет наскоро ќе го отвори најголемиот археолошки музеј во светот

Изградбата траеше две децении, а на посетителите ќе им бидат понудени многу досега невидени артефакти преку импресивно мултимедијално искуство.

Фото: Ансплеш

Објавено на

часот

Сподели

Долго најавуван и дваесет години во изградба Големиот египетски музеј, најголемиот археолошки музеј во светот, официјално ќе ги отвори вратите за посетителите на 3 јули, пренесува РТС.

На речиси 500.000 квадратни метри ќе бидат изложени повеќе од сто илјади експонати, што сведочи за развојот на древна цивилизација стара седум милениуми, големо внимание на јавноста привлекува и претходно невидено богатство од гробницата на кралот Тутанкамон.

Архитектонското решение е дело на студиото „Хенеган Пенг“ од Даблин и е замислено како зграда како четвртата пирамида, со огромен прозорец и поглед на другите и на Сфингата.

Фоајето е украсено со грандиозна статуа на фараонот Рамзес Втори, стара 3.200 години, една од првите испорачани експонати.

Во Музејот може да се види и реконструиран таканаречен соларен чамец, бродот Куфу, сад што го користел богот на сонцето Ра.

Се очекува новиот музеј, чија реализација чинеше повеќе од милијарда долари од првата идеја во 1992 година до денес, да фрли нова светлина врз една од најзагадочните цивилизации, чии митови и легенди ја возбудуваат имагинацијата на научниците и истражувачите со векови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ