среда, 31 декември 2025

Ефекти од брзо одење: Намалување на шеќерот во крвта за само пет минути

Брзото одење може да биде исклучително ефикасен начин за намалување на шеќерот во крвта, особено кај лица со дијабетес или кај оние кои сакаат да одржуваат стабилно ниво на гликоза.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Истражувањата покажале дека само пет минути брзо одење можат значително да го намалат нивото на шеќер во крвта, некои извори наведуваат намалување од 5 до 10 проценти. Ова се случува затоа што физичката активност ги поттикнува мускулите да ја користат гликозата како извор на енергија, со што се забрзува метаболизмот и се намалува количината на шеќер во крвта.

Идеално по оброк

Студиите покажале дека физичката активност, вклучувајќи го и брзото одење, е ефикасен начин за одржување на рамнотежата на шеќерот во крвта, особено по оброк.

Се препорачува лицата со покачен шеќер во крвта редовно да вклучуваат кратки прошетки во својот дневен распоред, бидејќи само пет минути брзо движење можат да имаат долгорочни придобивки.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ