Истражувањето е спроведено во САД, а резултатите се објавени во стручното списание Слип адвансис.
Врската помеѓу спиењето и долговечноста е комплексна, но лекарите велат дека овие наоди не ги изненадиле.
Експертите анализираа податоци од анкетата на Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) за факторите на ризик во однесувањето, која беше спроведена помеѓу 2019 и 2025 година.
Ова истражување се спроведува секој месец од страна на државните здравствени власти и опфаќа различни навики што можат да влијаат на здравјето, вклучувајќи пушење, исхрана, хронични болести и времетраење на спиењето.
Едно од прашањата беше: „Во просек, колку часа спиете во период од 24 часа?“ Истражувачите открија дека сонот е најдобриот показател за очекуваниот животен век, дури и поважен од фактори како што се исхраната, физичката активност и социјалната изолација.
Ова значи дека луѓето кои изјавиле дека спијат препорачани седум или повеќе часа навечер имале поголема веројатност да живеат подолго од оние кои постојано спиеле помалку од седум часа.
“Доволна количина сон е поврзана со многу аспекти на здравјето, вклучувајќи го и кардиоваскуларното здравје, имунолошкиот систем, па дури и контролата на телесната тежина и расположението. Сето тоа укажува на важноста на сонот за нашата животна возраст”, изјави за списанието СЕЛФ, Бет Малоу, невролог и шеф на оддел за нарушувања на сонот.






