Непотребна желба да се откажеме од храна што се смета за „сиромашни“, а да усвојуваме модерни намирници, доведе до тоа да престанеме да јадеме просо. Ова е голема штета, со оглед на бројните предности што ни ги нуди оваа лесно сварлива житарка.
Просото е вид житарка која е тркалезна, многу мала и малку сплескана на места. Има жолто-бела боја и малку сладок вкус. Зрната од просо се покриени со лушпа која мора да се отстрани пред консумирање.
Една е од ретките житарки што не содржи глутен, што е од голема важност затоа што многу луѓе имаат алергија на глутен. Исто така, добро е познато дека глутенот влијае на зголемувањето на телесната тежина и дебелината воопшто. Просото содржи многу витамини и минерали, како калциум, калиум, јод, магнезиум, витамини А, Е и Б, но и железо и растителни влакна.
Изразито е алкална (базна) житарица, а познато е дека вирусите, бактериите и другите штетни супстанции многу потешко се развиваат во алкален, односно базен организам.
Просото содржи клучни аминокиселини кои помагаат при изградба и обнова на мускулите и клетките на кожата. Исто така е богато со јаглехидрати кои бавно се разградуваат, што брзо дава чувство на ситост и помага во процесот на слабеење.
Оваа житарка содржи и природни масти кои се неопходни за апсорпција на витамини, вклучувајќи каротен и витамин Д.
Исто така, бидејќи содржи здрави јаглехидрати, е одличен избор за дијабетичари.
Кардиолозите го препорачуваат како храна што треба да се јаде почесто. Просото е богато со калиум, кој помага во борбата против срцевите заболувања, го нормализира крвниот притисок и ги зајакнува крвните садови.
Тоа е една од најдобрите намирници за чистење на бубрезите, но и во случај на камења или песок во бубрезите. Има позитивен ефект врз уринарните инфекции и го поттикнува излачувањето на урина.
Бројни студии се спроведени за исхраната, а докажано е дека оние кои редовно консумираат просо најчесто немаат симптоми на астма или знаци поврзани со неа.






