Студијата следела 60 здрави испитаници во период од 12 недели. Половина од нив секојдневно консумирале прав од брусница, додека другата половина примала плацебо. Резултатите биле изненадувачки, испитаниците кои консумирале брусници покажале значително подобрување на паметењето на секојдневни настани, подобра циркулација на крвта во мозокот и намалување на нивото на „лошиот“ холестерол.
Д-р Дејвид Ваузор, водач на истражувањето, истакнува дека ова е една од првите студии која го испитува долгорочното влијание на брусниците врз когнитивните способности и здравјето на мозокот. Резултатите биле многу охрабрувачки и можат да послужат како основа за идни истражувања за влијанието на брусниците и сличните бобинки врз здравјето на мозокот.
Брусниците се познати по својата моќ во борбата против слободните радикали во телото, благодарение на антиоксидантите како витамините Ц и Е, како и флавоноидите. Освен тоа, тие се богати со растителни влакна, што помага во одржувањето на здраво варење и зачувувањето на здравјето на уринарниот тракт.
Овие мали бобинки можеби кријат голема тајна за зачувување на нашиот ум и тело во иднина!






