Греам Џонс, астрофизичар од Универзитетот во Лондон, вели дека ротацијата ќе биде значително забрзана во текот на еден од овие три дена – 9 јули, 22 јули или 5 август, пренесува Дејли мејл. Овие денови денот ќе биде пократок за околу 1,66 милисекунди.
Истражувачите велат дека иако ова ќе биде мала промена, таа би можела да влијае на сè, од сателитските системи и ГПС точноста до мерењето на времето.
„Никој не го очекуваше ова, причината за ова забрзување не е објаснета“, изјави за Леонид Зотов, научник на Московскиот државен универзитет.
Научниците забележале дека Земјата се врти малку побрзо од вообичаеното од 2020 година, но причината е сè уште мистерија. Пред тоа, планетата беше забавена од гравитацијата на Месечината, која ги прошири деновите во 24-часовни циклуси.
Најкраткиот ден досега беше 5 јули 2024 година, кога денот беше исто така пократок за 1,66 милисекунди.