недела, 7 декември 2025

Еден од најстарите диносауруси пронајден во Аргентина

Аргентински научници пронајдоа во планинскиот венец на Андите речиси целосно зачуван скелет на нов вид диносаурус кој живеел пред околу 230 милиони години, што го прави еден од најстарите во светот, објави вчера Институтот Конисет.

Фото: Ансплеш

Објавено на

часот

Сподели

Скелетот на овој вид, наречен „Хуајракурсор јагуенсис-Huayracursor jaguensis“, бил откриен од палеонтолошки тим од Конисет, аргентински јавен истражувачки институт, на надморска височина од 3.000 метри во северозападната аргентинска покраина Ла Риоха.

Откритието е објавено во списанието Нејчр.

Видот живеел на крајот од тријасот, геолошкиот период во кој се појавиле првите диносауруси и предците на цицачите, велат истражувачите во соопштението.

„Проценуваме дека Хуајракурсор мора да е стар помеѓу 230 и 225 милиони години, што го прави еден од најстарите диносауруси во светот“, објасни Агустин Мартинели, еден од авторите на статијата.

Проценуваме дека Хуајракурсор мора да е стар помеѓу 230 и 225 милиони години.

Откриениот диносаурус би можел да припаѓа на вид тревопасни животни што вклучуваат џиновски тероподи со долг врат. Истражувачите велат дека возрасниот примерок бил долг околу два метра и тежел околу 18 килограми.

Пронајдениот скелет се состои од делумен череп, целосен ‘рбет што се протега до опашката и речиси целосни предни и задни екстремитети.

Авторите на статијата веруваат дека овој фосил ќе стане репер за проучување на еволуцијата на диносаурусите, благодарение на фактот дека е пронајден речиси во целост.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ