Во истражувањето учествувале 373 млади лица на возраст од 18 до 24 години кои користеле Фејсбук, Инстаграм, Снепчет, ТикТок и Икс во текот две недели, додека тимот ја следел нивната активност. Потоа, речиси 80 проценти од учесниците одлучиле да направат еднонеделна детоксикација од социјалните медиуми.
Резултатите покажаа дека:
- 25 проценти од учесниците почувствувале помали симптоми на депресија,
- 16 проценти намалена анксиозност,
- 15 проценти подобрување на симптомите на несоница.
Најмногу корист имале лицата кои веќе пред истражувањето имале умерени или високи нивоа на овие проблеми.
Сепак, детоксикацијата не го намали чувството на осаменост. Истражувачите сметаат дека ова веројатно се должи на недостатокот на вообичаена комуникација, лајкови и коментари што младите луѓе вообичаено ги добиваат на социјалните медиуми.
Просечното време поминато пред екранот не исчезна целосно – учесниците ги користеа своите телефони за време на детоксикацијата околу 30 минути на ден, што е значително помалку во споредба со речиси два часа пред паузата. Тие најчесто се „закачуваа“ на Инстаграм и Снепчет, додека поретко ги отвораа Фејсбук, Икс и ТикТок.
Стручњаците истакнуваат дека се потребни дополнителни истражувања за да се утврди колку долго навистина треба да трае детоксикацијата и за да се тестираат различни возрасни и социјални профили, бидејќи поголемиот дел од учесниците биле високообразовани студенти.
Некои истражувачи предупредуваат и дека доброволниот карактер на детоксикацијата може да биде можен извор на пристрасност, бидејќи почесто учествувале оние кои биле особено мотивирани или очекувале дека паузата ќе им помогне. Поради тоа сметаат дека резултатите треба да се толкуваат претпазливо.






