четврток, 15 мај 2025

Џорџ Лукас: Постои добра причина зошто Јода зборува толку чудно (ВИДЕО)

Јода е еден од најомилените вонземјански ликови во филмската историја, а тоа делумно се должи на необичниот начин на кој зборува.

Фото: Ансплеш

Објавено на

часот

Сподели

„Најголемиот учител е неуспехот“, „Сè уште имаш многу да научиш“ и „Кога ќе имаш 900 години, изгледај толку добро што нема да изгледаш“ – сите тие го демонстрираат уникатниот начин на формулирање на мислите на џедај мајсторот, како што ги изговара легендарниот Френк Оз – шармантно неповрзани и надвор од редоследот, пренесува РТС.

Креаторот на „Војна на ѕвездите“ Џорџ Лукас го коментираше овој конкретен аспект на ликот на Јода на годишнината од прикажувањето на „Империјата го возвраќа ударот“, каде што објасни дека е создаден за да се осигури дека длабоките пораки на малиот вонземјанин навистина допираат до публиката.

„Затоа што ако зборува обичен англиски, луѓето нема да слушаат толку многу“, рече Лукас на филмскиот фестивал ТЦМ Класик, пренесува Верајети. „Но, ако има акцент или е навистина тешко да се разбере што зборува, се фокусирате на она што го кажува.“

„Тој всушност беше филозоф на филмот“, додаде режисерот. „Морав да најдам начин како да ги натерам луѓето навистина да слушаат – особено дванаесет годишните деца“.

Оваа недела, потврдени Инстаграм профили на Дизни, Војна на ѕвездите и Лукас филм – компанијата за филмска и телевизиска продукција на Лукас – објавија снимки од Јода како прави грешки на снимањето на филмовите „Војна на ѕвездите“, при што Оз продолжува да го позајмува својот глас и да манипулира со тешка кукла на Јода дури и во сцени што беа неупотребливи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ