Натпреварот започнува во 11 часот со квалификации, полуфиналето е во 14 часот, а финалето во 18 часот. Натпреварот ќе биде во класичнo подготвување на коктели.
Бармените ќе се натпреваруваат со сопствени коктели и креативни предизвици, а најдобриот ќе ја претставува Македонија на Светското првенство во Макао во октомври.
Право на учество имаат сите бармени кои живеат и работат во Македонија, но и сите оние на кои мешањето на пијалаци им е хоби или пасија.






