понеделник, 8 декември 2025

Драмата Пит освои Еми за најдобра серија (ВИДЕО)

Болничката драма „Пит“ ја освои наградата за најдобра драмска серија на доделувањето на наградите „Еми“, Оскарите на американската телевизија, доцна синоќа во Лос Анџелес.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Серијата, чија прва сезона ја следи возбудливата смена на медицински тим во одделот за итни случаи во болница во Питсбург, постигна огромен критички успех во САД.

Серијата од 15 епизоди се занимава со различни теми, како што се правото на абортус и масовните убиства.

„Пит“ ги победи другите фаворити за наградата – научно-фантастичниот трилер „Одвојување“ и „Белиот лотос“, сатира за ексцесите на екстремно богатите.

Наградата за најдобра комедија ја освои серијата „Студио“ која обработува различни аспекти на Холивуд од гламурот до потемната страна каде владее лицемерието и опаѓање на моралните вредности.

Наградите Еми се доделуваат за најдобрите телевизиски остварувања и се сметаат за еквивалент на престижните Оскари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ