четврток, 11 декември 2025

Драма во вселената, НАСА објави: Го изгубивме сигналот

Националната администрација за аеронаутика и вселена на САД (НАСА) денес објави дека го изгубила сигналот од вселенското летало Мејвен што кружи околу Марс, кое требаше да испрати податоци до Земјата на 6 декември, но тоа не се случи.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

„Вселенско летало и оперативни тимови ја истражуваат аномалијата за да ја решат ситуацијата“, соопшти НАСА, пренесува порталот Футуризам.

Вселенското летало Мајвен беше лансирано кон крајот на 2013 година и пристигна на Марс една година подоцна, дизајнирано е да го проучува горниот слој на атмосферата на планетата и како честичките од Сонцето влијаат на неа, а исто така има задача да пренесува комуникации помеѓу мисиите на површината на Марс и Земјата.

Во моментов околу Марс кружат седум вселенски летала, од кои три ѝ припаѓаат на НАСА.

Вселенските летала се дизајнирани да ја проучуваат геологијата, атмосферата и зрачењето на планетата, а воедно да поддржуваат мисии на површината на Марс кои се движат на растојанија од нешто повеќе од 100 до десетици илјади километри.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ