„Денес не се користи напредна технологија која не се потпира на квантната механика, вклучувајќи мобилни телефони, камери… и оптички кабли“, соопшти Нобеловиот комитет.
Еден од лауреатите, професорот Џон Кларк, кој е роден во Британија, а сега работи на Универзитетот во Калифорнија, Беркли, не го криеше своето изненадување. „Тоа беше изненадувањето на мојот живот, благо речено“, изјави тој.
Тројцата добитници ќе поделат парична награда во износ од 11 милиони шведски круни (околу еден милион евра).






