среда, 9 април 2025

До 20 април трае конкурсот за избор на зет и невеста за Галичка свадба 2025

Месната заедница Галичник информира дека се почнати подготовките за Галичка свадба 2025. Галичката свадба се одржува традиционално на празничниот петровденски викенд од 11 до 13 јули во Галичник. Организаторите ги повикуваат сите заинтересирани парови кои сакаат да ја крунисаат својата љубов на Петровден и да дадат завет пред Бога да се пријават најдоцна до 20 април.

Објавено на

часот

Сподели

„Уште еднаш ќе ги отвориме ковчезите за чеиз, ќе се дотераме во свечено свадбарско руво, ќе си накитиме бајрак и со три пушки ќе ја најавиме радоста на нашите младенци кои својата љубов ќе ја закитат со венчавка во Галичник. И оваа година доследни на традицијата, ќе ги спасиме од заборав нашите вековни обичаи и со свадбени поворки, песна и ора и ќе направиме уште една незаборавна Галичка свадба. Особено сме горди да ги поканиме сите заинтересирани парови кои сакаат да ја крунисаат својата љубов на Петровден и да дадат завет пред Бога да се пријават најдоцна до 20 април. Потребно е да ни испратете е-пошта на mzgalicnik@gmail.com со наслов „За избор на зет и невеста“ и да ни раскажете зошто токму вие сте вистинскиот пар. Предност ќе имаат оние кои имаат потекло од Галичник (двајцата или еден од нив), кои веќе биле дел од Галичката свадба во друга улога, активни членови на месната заедница – парови за кои ова ќе биде прв црковен брак. Одлуката за избор на зет и невеста ќе биде објавена најдоцна до 31 мај“, се вели во соопштението на МЗ Галичник.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ