вторник, 17 јуни 2025

Диви шимпанза снимени како користат прва помош во шума (ВИДЕО)

Шимпанзата во Уганда се забележани како користат лековити растенија – на повеќе начини – за лекување на отворени рани и други повреди.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Научници од Универзитетот во Оксфорд, работејќи со локален тим во шумата Будонго, снимиле и евидентирале инциденти на животни кои користат растенија за прва помош, и на себе и повремено едни на други. Нивното истражување се надоврзува на откритието минатата година дека шимпанзата бараат и јадат одредени растенија за сами да се лекуваат.

Научниците, исто така, собрале децении научни набљудувања за да создадат каталог на различните начини на кои шимпанзата користат „прва помош во шума“.

Истражувачите велат дека студијата, која е објавена во списанието „Граници во екологијата и еволуцијата“, се надополнува на растечкиот број докази дека приматите, вклучувајќи ги шимпанзата, орангутаните и горилите, користат природни лекови на повеќе начини за да останат здрави во дивината.

Водечкиот истражувач Елоди Фрејман објасни дека има „цел репертоар на однесување што шимпанзата го користат кога се болни или повредени во дивината – за да се лекуваат и да одржуваат хигиена“. Тие исто така откриле дека шимпанзата се грижат за раните на други животни со кои не се во сродство. Ова е особено возбудливо, објасни д-р Фрејман, „бидејќи додава докази дека дивите шимпанза имаат капацитет за емпатија“.

Шимпанзата не се единствените мајмуни со очигледно познавање на медицината базирана на растенија. Една неодамнешна студија покажа дека див орангуатан користел џвакан лист за да ја залечи раната на лицето.

Научниците сметаат дека проучувањето на ова однесување на дивите мајмуни – и подоброто разбирање на растенијата што шимпанзата ги користат кога се болни или повредени – би можело да помогне во потрагата по нови лекови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ