Повеќето од овие вредни предмети од колекцијата на Јосип Броз Тито денес се чуваат во Музејот на Југославија во Белград, каде што посетителите можат да ѕирнат во фасцинантна колекција што вклучува сè, од егзотична уметност до скапоцени рачно изработени предмети.
Сепак, еден подарок особено се издвојува по својата уникатност и скапоценост. Четирите камчиња кои Нил Армстронг и Баз Олдрин ги донеле од Месечината завршија кај Тито, а денес се чуваат во споменатиот музеј.
Четирите камчиња што Нил Армстронг и Баз Олдрин ги донеле од Месечината и кои Ричард Никсон му ги испратил на Јосип Броз Тито во 1970 година, според проценките на НАСА, вредат неверојатни 500.000 долари. Камењата што им беа испратени на луѓето од Југославија се во Музејот на Југославија – напиша историчарката Невена Ковачевиќ на својот Инстаграм профил.
„Пред да стигнат камењата во Југославија, астронаутите кои биле на Месечината ја посетиле земјата, што претставуваше огромна чест. Тројцата астронаути го примиле Орденот на југословенската ѕвезда од Тито, а потоа се прошетале со автомобил со отворен кров низ центарот на Белград“, откри таа.
„Имаше голема прослава, следната година Никсон ги испрати камењата во Југославија. Покрај тие камења со огромна вредност, астронаутите го донесоа и знамето на СФРЈ што патуваше со нив на Месечината и назад. Фактот дека Никсон му подари камења од Месечината на народот на Југославија, а тројцата астронаути ја посетија Југославија, единствената комунистичка земја на нивната рута, зборува за единствената позиција што ја имала Југославија за време на Студената војна“, истакна Ковачевиќ, пренесува Боснаинфо.