недела, 7 декември 2025

Диносаурусите биле распространети пред ударот на астероидот врз Земјата

Локалитет во американската држава Ново Мексико што содржи бројни фосили од диносауруси, вклучувајќи го и џиновскиот Аламосаурус, датира од периодот непосредно пред ударот на астероидот што ја заврши нивната ера, според ново истражување што докажува дека суштествата биле широко распространети во пресрет на катастрофата што ја погоди Земјата.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Палеонтолозите порано расправаа за возраста на фосилите пронајдени на локалитетот Нашоибито во северозападниот дел на Ново Мексико, новата студија употреби два метода за определување на возраста со кои е утврдено дека фосилите датираат од периодот пред 340.000 години од ударот на астероидот во брегот на полуостровот Јукатан во Мексико, кој се случи пред 66 милиони години, на крајот на кредниот период, пренесува Ројтерс.

Тој настан предизвикал катаклизма што избриша три четвртини од видовите на планетата, вклучувајќи ги сите диносауруси освен нивните птичји потомци.

Заклучоците од студијата се спротивставуваат на идејата, порано популарна меѓу палеонтолозите, дека диносаурусите биле вид на работ на истребување низ целиот свет пред ударот на астероидот.

Фосилите пронајдени во Ново Мексико припаѓаат на бројни видови диносауруси, од кои најголем е Аламосаурус, со тежина од повеќе од 30 тони и должина од околу 30 метри, како еден од најголемите тревопасни животни од групата сауроподи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ