среда, 10 декември 2025

Ди Каприо ја критикуваше употребата на вештачка интелигенција во филмската индустрија

Леонардо ди Каприо остро ја критикуваше сѐ поголемата употреба на вештачка интелигенција во филмската индустрија, истакнувајќи дека на таквите содржини им недостига клучниот елемент – човечноста. Актерот, кој неодамна го прослави својот 51-ви роденден, ја сподели својата загриженост поради продорот на ВИ технологијата во светот на уметноста.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Ди Каприо, кој е во индустријата уште од тинејџерските денови, верува дека вистинската уметност мора да доаѓа од човекот. „Мислам дека сè што ќе се смета за уметност мора да потекнува од човечко суштество“, изјави за Тајм. Тој се осврна и на неодамнешните клипови на интернет во кои вештачката интелигенција оживува починати ѕвезди изведувајќи преработки на популарни песни.

Тој призна дека е интересно да се погледнат еднаш, но додаде дека таквата содржина брзо исчезнува со остатокот од „интернет ѓубрето“ штом вниманието на публиката се насочи на нешто ново. „Нема никаква основа во тоа“, заклучи тој за уметноста создадена со употреба на технологија со вештачка интелигенција. „Нема човечност во тоа, без разлика колку е брилијантно“.

Освен за вештачката интелигенција, Ди Каприо зборуваше и за својата борба со балансирањето помеѓу статусот на глобално препознатлива ѕвезда и желбата за приватен живот. „Тоа е рамнотежа што се обидувам да ја постигнам целиот свој живот и сѐ уште не сум експерт“, призна тој.

Тоа објаснува зошто актерот често се крие во јавноста под капа и заштитна маска, која почнал да ја носи за време на пандемијата ковид-19 и ја задржал како дел од својата секојдневен живот. Тие додатоци станаа толку вообичаени што не се откажува од нив ни на настани со висок профил, како што е свадбата на Џеф Безос и Лорен Санчес, каде што е фотографиран како го напушта хотелот во смокинг со капа навлечена преку лицето.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ