четврток, 19 март 2026

Деветта година по ред иста земја на врвот на листата на најсреќни во светот

Финска е рангирана како земја со најсреќно население во светот деветта година по ред, според Светскиот извештај за среќа објавен денеска.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Како што е наведено, најновиот Извештај за среќа во светот дава увид во состојбата на задоволството и перципираниот квалитет на живот на луѓето низ светот.

Втора земја на листата е Исланд, потоа следат Данска, Костарика и Шведска. Меѓу првите десет се и Норвешка, Холандија, Израел, Луксембург и Швајцарија.

Костарика, единствената земја меѓу водечките која не е нордиска, го освои четврто место.

Германија ја подобри својата позиција на 17-то место, за разлика од 22-то место минатата година. Со тоа се позиционираше пред Австрија, која падна две места и сега е на 19-то место.

Соединетите Американски Држави малку се подобрија и сега се наоѓаат на 23-то место, во споредба со 24-то место минатата година.

Листата вклучува 147 земји, а Авганистан е последен.

Македонија е на 87-то место на листата на среќа.

Од земјите во регионот, Косово е најдобро рангирано, на 16-то место. Потоа следува Словенија на 18-то место, Србија е на 30-то место, Босна и Херцеговина на 47-то место и Хрватска на 70-то место.

Извештајот се објавува секоја година околу Меѓународниот ден на среќата, на 20 март, а го составува интердисциплинарен тим предводен од Центарот за истражување на благосостојбата на Универзитетот во Оксфорд.

Се проценува задоволството од животот и перцепцијата за квалитетот на живот на луѓето низ целиот свет, врз основа на фактори како што се економските резултати, здравјето, слободата, дарежливоста и перцепцијата за корупција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ