недела, 7 декември 2025

Десетици илјади бронзени монети од Римско Царство пронајдени во источна Франција

Амфори што содржеле десетици илјади монети од галско-римскиот период во 3-тиот и 4-тиот век стигнале до археолозите благодарение на земјопоседник кој ги открил додека копал темели за проширување на куќа во село во департманот Мец, во источна Франција.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Бронзените монети биле внимателно закопани во три амфори помеѓу 280 и 310 година од нашата ера во три поранешни куќи во тогашното мало гратче, чие име одамна е заборавено, објасни Сајмон Риц од Националниот институт за превентивни археолошки истражувања (Инрап).

Две амфори беа испразнети, од кои едната содржеше 25.000 ситни монети. Третата амфора е сè уште полна и нејзината содржина ќе биде анализирана во лабораторија, изјави Риц за Франс прес.

Амфорите тежат околу 50 килограми секоја, а вкупниот број на монети со ликовите на римските императори се проценува на 40.000.

Амфорите не биле закопани набрзина, рече археологот, туку биле внимателно поставени во јами, достапни за земање и оставање на парите – „не биле закопани за да се сокријат, туку биле управувани добро и на организиран начин“.

Оттука и хипотезата дека ова би можеле да бидат монети повлечени од оптек затоа што во тоа време била воведена нова валута, кога промените во средствата за плаќање биле чести, рече Риц, „малку како преминот кон еврото на почетокот на 20 век“.

Археолозите откриле дека во центарот на сегашното село се наоѓала една од главните населби на галското племе Медиоматричи, населбата била заборавена по пожар во 4 век, па затоа значењето на откритието е во тоа што помага да се објасни како живеело племето.

Ископувањата се завршени и археолозите понудиле да ја затрупаат јамата, но сопственикот на земјиштето сака остатоците од галско-римските темели да ги претвори во декоративен подрум на својата нова куќа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ