- Пешкири и нежни ткаенини
Пешкирите се тешки и груби и можат да ги истегнат или раскинат фините материјали. Крпите и нежните ткаенини како градници и џемпери воопшто не одат заедно. Ако мора да ги перете заедно, ставете го градникот во мрежеста кеса наменета за перење долна облека.
- Пешкири и спортска опрема
Пешкирите ја впиваат влагата од функционалната облека и го нарушуваат нејзиното својство да „дише“ и брзо да се суши. Спортската облека перете ја посебно, на ладна вода и нежен циклус.
- Фармерки и лесни материјали (памук, вискоза, тенки маици)
Тешките фармерки при перење триејќи се можат да ги оштетат посветлите, тенки ткаенини. Фармерките перете ги со слично тешки алишта.
- Постелнина и гардероба
Големите чаршафи и навлаки лесно ја завиткуваат облеката – што спречува рамномерно перење и сушење. Постелнина перете посебно или само со слични големи парчиња.
- Постелнина и чорапи
Малите чорапи често „се губат“ затскриени во преклопите од чаршафите. Користете мрежести вреќички за чорапи или перете ги одвоено.
- Јоргани и облека
Јорганите се преголеми и претешки – го преоптоваруваат машинскиот барабан и облеката не се пере како што треба. Перете ги одделно, на програма за големи и тешки предмети.
- Гардероба со патенти и деликатни предмети
Отворените патенти ги гребат и кинат чувствителните ткаенини. Секогаш затворајте ги и користете вреќички за деликатна облека.
- Облека со лепенка и памучна долна облека
Јакните или кој било предмет со лепенки не треба да се перат со памучни предмети. Лепенките лесно се „закачуваат“ на памукот, собирајќи влакна кои е речиси невозможно да се исчистат подоцна.
- Многу извалкана облека и обични алишта
Ако сте се извалкале во градината или сте направиле дамки од масло или боја – перете ја таа облека одделно и со посилен детергент.
- Шарени и бели алишта
Перете ги белите алишта одделно од обоените. Боите се пренесуваат па белата облека може да стане шарена. Секогаш сортирајте по боја – бело, светло и темно.