сабота, 12 јули 2025

Десет црни носорози се преселени од Јужна Африка во Мозамбик, каде што биле истребени пред 50 години

Десет црни носорози, чиј опстанок е критично загрозен, се преместени од Јужна Африка во Мозамбик, со цел повторно да ги има во земјата каде што биле истребени пред 50 години.

Фото: Ансплеш

Објавено на

часот

Сподели

Ова го објави Фондацијата „Паркови на мирот“, организација која работи на обновување и заштита на екосистемите и беше вклучена во преместувањето.

Пет мажјаци и пет женки патувале 48 часа до Националниот парк Зинаве во Мозамбик.

Новодојденците ќе „ја обезбедат иднината на првата популација на црни носорози по нивното локално истребување пред пет децении“, се вели во соопштението на јужноафриканскиот Оддел за животна средина, кој учествуваше во операцијата.

Во Зинаве претходно беа испратени 12 црни носорози од Јужна Африка, но тоа не било доволно за размножување.

Дваесет и пет бели носорози, помалку загрозени, исто така се преселени во неколку наврати.

Бројот на црни носорози во светот се намалил за 96 отсто од 1970 до 1993 година, кога само 2.300 преживеале во дивината, според Меѓународната фондација за носорози.

Деценискиот напор на човекот му овозможи на видот полека да се закрепне и сега има 6.421 од нив.

Некогаш широко распространети во супсахарска Африка, носорозите речиси исчезнаа поради ловот на европските колонизатори и криволов од големи размери. Нивните рогови се многу барани на црниот пазар, особено во Азија, каде што се мелат во прав и се продаваат како „афродизијак“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ