Овој ден ќе биде одбележан со бројни работилници, предавања и тест возења низ светот. Професионалната служба за превоз на патници Еволушн наведува дека иако најмногу се зборува за придобивките од електричните возила за намалување на издувните гасови, овој вид транспорт има далеку поголеми предности.
Како што е нагласено, почистиот воздух, помалото загадување во урбаните средини и клучната улога во постигнувањето на целите на климатските договори, како што е Парискиот договор, се важни придобивки што ги носат електричните возила.
Најголем интерес за електрични возила постои во Кина и во скандинавските земји. Норвешка е лидер по бројот на електрични возила во Европа, бидејќи 94 отсто од новите регистрирани возила во 2024 година биле електрични.
Светскиот ден на електричните возила е востановен во 2020 година. Го слават граѓани, компании и носители на одлуки во околу 120 земји низ целиот свет.






