„Денот на осамениот букет е прекрасна можност спонтано да им го разубавите денот на луѓето со цветно изненадување“, изјави Херберт Епелдауер, експерт во одделот „Виенски градинари и цвеќари“.
Минатата година на овој начин во Виена беа поделени околу 600 букети.
„Ден на осамениот букет“ е создаден од Емили Авенсон, која живее во Белгија и води градина за берење цвеќиња. Идејата, која ја сподели на социјалните мрежи, доби голем број следбеници низ целиот свет, секоја последна недела во јуни се подготвуваат цветни изненадувања за граѓаните кои ќе ги пронајдат.