Ова е дел од скалите што ги поврзувале вториот и третиот кат на кулата од 1889 година. Овој сегмент е висок 2,75 метри, широк 1,75 метри и се состои од 14 скалила изработени од челик и закован лим. Токму по овие скали некогаш се качувале милиони посетители за да стигнат до врвот на кулата.
Скалите биле отстранети во 1983 година, кога Ајфеловата кула биле подложена на голема реконструкција и делови биле заменети со лифтови. Оригиналните скали потоа биле поделени на 20 дела и продадени на приватни купувачи, од кои повеќето ги задржале своите копии до денеска.
Делото што сега е на продажба ќе биде понудено на аукција од аукциската куќа „Арткјуријал“ на 21 мај. Според проценките, би можел да достигне цена помеѓу 120.000 и 150.000 евра, а аукциската куќа наведува дека овој примерок е во истата приватна колекција повеќе од 40 години.
Експертите истакнуваат дека тоа не е само декоративен предмет, туку автентичен дел од историјата. Со оглед на тоа што повеќе од 300 милиони луѓе ја посетиле Ајфеловата кула откако е отворена, интересот за ова необично парче француско наследство би можел да биде огромен, објави Си-ен-ен.






