недела, 4 мај 2025

Данска: Ракот на грлото на матката ќе биде искоренет до 2040 година

Данската организација Лига против ракот денеска соопшти дека се очекува земјата да го искорени ракот на грлото на матката до 2040 година, благодарение на придржувањето до програмата за вакцинација против ХПВ и редовните медицински прегледи.

Фото: Ансплеш

Објавено на

часот

Сподели

„Дури и пред 2040 година се очекува мал број жени да бидат зафатени од оваа болест и да се смета за елиминирана“, се вели во соопштението и се додава дека тоа ќе биде првпат да исчезне еден вид рак.

Во моментов, стапката на повторување на овој тип на рак е помала од 10 на 100.000 случаи, според студијата објавена во данските специјализирани медиуми.

Според критериумите на Светската здравствена организација, болеста ќе се смета за искоренета во Данска со стапка на повторување помала од 4 на 100.000 случаи.

Стапката на вакцинација против инфекција со хуман папилома вирус (ХПВ), главната причина за болеста, е 89 отсто за момчиња и девојчиња на возраст од 12 години по првата од двете дози на вакцината.

Вакцината, која е бесплатна во Данска, беше воведена за девојчиња во 2008/2009 година и за момчиња во 2019 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ