понеделник, 8 декември 2025

Дали знаете што значи WD-40? Зад кратенката се крие интересна приказна

Сигурно барем еднаш во животот сте користеле спреј ве-де-40 (WD-40) познат препарат кој одамна ги напушти работилниците и гаражите и стана незаменлив сојузник и во домаќинството.

Фото: Ансплеш

Објавено на

часот

Сподели

Некогаш наменет исклучиво за возачи и механичари, денес го користат и домаќинки, па дури и љубители на трикови за одржување на домот, пренесува Ситимагазин.

Она што сè уште изненадува многумина е неговото име. Кратенката ве-де (WD) е кратенка за поместување на вода (Water Displacement), додека бројот 40 го означува бројот на обиди што биле потребни за да се создаде совршената формула.

Спрејот за прв пат е воведен во 1953 година, измислен од хемичарот Норм Ларсен во мала лабораторија во Калифорнија. Првично се користел за заштита на надворешната обвивка на американската ракета Атлас од корозија, а бил воведен во поширока употреба во 1958 година. Денес е достапен во дури 187 земји низ целиот свет.

Што може да направи ве-де-40 во секојдневниот живот? Еве неколку изненадувачки трикови:

Ја чисти тоалетната школка

Испрскајте ја внатрешноста на школката, почекајте една минута, а потоа исчистете со четка. Состојките од спрејот брзо и без напор ги раствораат бигорот и нечистотијата.

Чевлите и чизмите стануваат водоотпорни

Тенкиот слој од спрејот ги штити обувките од влага. Спречува навлегување на вода, а во текот на зимата ги отстранува и грдите бели траги од сол. Доволно е да ги избришете со крпа и чевлите ќе изгледаат како нови.

Отстранување на гума за џвакање од косата

Ако ви се случи оваа мала несреќа, нема потреба од шишање. Испрскајте го ве-де-40 директно на гумата за џвакање и внимателно исчеткајте ја. Само внимавајте спрејот да не ви се приближи до очите и секогаш работете во добро проветрена просторија.

Отстранува налепници од стакло

Лепливите и избледени налепници на прозорците или стаклените површини повеќе не се проблем. Ве-де-40 го разградува лепилото, па по неколку минути лесно можете да ги отстраните со шпакла или пластична стругалка.

Отстранува супер лепак

Супер лепилото се смета за најтврдоглав предизвик, особено на прстите. Испрскајте малку ве-де-40, истријте и лепилото ќе исчезне. Истото важи и за другите површини во куќата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ