понеделник, 8 декември 2025

Дали знаете кој е најпопуларниот месец во годината за раѓање?

Најмногу бебиња низ целиот свет се раѓаат во септември. Проверете дали вашите и родендените на вашите најблиски се меѓу најпопуларните или најмалку популарните денови во годината.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Според статистичките податоци, најмногу деца се раѓаат во рана есен, поточно во септември.

Но, дали некогаш сте се запрашале кои денови од годината се најпопуларни за раѓање бебиња? Њујорк тајмс во 2006 година објави дека во периодот од 1973 до 1999 година, кој го проучувале истражувачите од Харвард, било откриено дека најчестиот датум на раѓање во САД е 16 септември.

Неодамна, Мет Стајлс од „Дејли Виз“ состави компилација од раѓања од 1994 до 2014 година, а според тие податоци, најчестиот датум е 9 септември.

Интересни факти за есенските бебиња

Иако Тајм неодамна објави дека најпопуларниот роденден е 9 септември, историски гледано, 16 септември е многу блиску, и тоа не само во САД, бидејќи најмногу бебиња се раѓаат во септември низ целиот свет.

Најпопуларниот датум се менувал низ децениите, но заклучокот е дека септември е дефинитивно најпопуларното време од годината за породување, а неодамнешните податоци покажуваат дека 9 од 10 дена за породување паѓаат помеѓу 9 и 20 септември. Бидејќи бременоста трае просечно околу 38 недели, тоа значи дека повеќето бебиња се зачнуваат во декември, околу празниците.

Според најновите податоци, во Велика Британија, најмногу деца се раѓаат на 26 септември, што е 38 недели по 2 јануари. Така, во Велика Британија 2 јануари е прогласен за Национален ден на зачнувањето.

Зимските месеци се помалку популарни

Тајмс ги објави и најмалку популарните датуми за роденден. Според статистиката, најмалку деца се раѓаат во зимските месеци – декември, јануари и февруари. А 25 декември, 1 јануари и, секако, 29 февруари се најмалку популарните датуми.

Ова може да значи и дека многу родители ги планираат породувањата на своите деца или дека лекарите се на одмор, па затоа закажаните породувања (како што се планирани царски резови или индукции) се закажуваат за денови кои не се празници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ