среда, 4 март 2026

Дали знаете кој е најбогатиот крал на светот? (ФОТО)

Kaко деца сигурно сте слушале бајки во кои ви раскажувале дека кралевите се најбогати на светот.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Сега, кога размислуваме за нивното богатство и кој има најмногу, на ум ни доаѓаат познати кралски семејства и нивните монарси како што се Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Монако, Обединетото Кралство…

Но, овој крал е 50 пати побогат од британското кралско семејство.

За овој крал никогаш не слушнале многумина од вас, а камоли да знаат дека тој постои со свое кралство, за чие богатство е тешко дури и да се замисли дека такво нешто постои.

Имено, најбогатиот монарх во светот е тајландскиот крал Маха Ваџиралонгкорн, со проценета нето вредност помеѓу 30 и 70 милијарди долари.

Кралот контролира повеќе од 17.000 договори за изнајмување недвижности само во Бангкок и 40.000 низ целата земја. Поседува 38 приватни авиони, 300 автомобили и 52 позлатени чамци.

Тој располага со приближно 6.560 хектари земјиште во Тајланд, со 17.000 недвижности во Бангкок, вклучувајќи канцелариски згради, хотели и одморалишта, кои генерираат значителен приход од кирија.

Тој има директна контрола врз „Краун проперти биро“, кое управува со неговото огромно портфолио на земјиште, недвижности и инвестиции.

Неговиот имот вклучува флота од 38 приватни авиони и хеликоптери, повеќе од 300 луксузни автомобили и 52 позлатени чамци што се користат за церемонии.

Поседува огромна колекција накит, вклучувајќи го и Златниот јубилеен дијамант од 545,67 карати.

Иако некои извештаи може да укажуваат на саудиското кралско семејство како најбогато, повеќе извори потврдуваат дека кралот Маха Ваџиралонгкорн е најбогатиот поединечен монарх.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ