Одговорот е потврден. Да, постои една земја без комарци – Исланд.
Иако нејзините соседи, вклучувајќи ги Норвешка, Шкотска и Гренланд, се дом на повеќе видови комарци, Исланд е ослободен од нив, пренесува ЛајвСајнс.
Оваа островска земја е одвоена од сите нејзини соседи со море, па океанот создава природна бариера што им отежнува на комарците да дојдат до неа.
Сепак, комарците можат да пристигнат со авион. Професорот Гисли Мар Гисласон, професор по лимнологија на Универзитетот во Исланд, го потврди ова откако фатил комарец на летот од Гренланд до Исланд. Но, иако стигнале со авион, не успеале да воспостават популација.
Гисласон објаснува дека причината за ова не е недостатокот на соодветни подрачја за размножување, туку суровата клима на Исланд.
Сепак, климатските промени го менуваат сето тоа и ги прошируваат живеалиштата дури и на најопасните, тропски видови комарци, изјави Имо Хенсен, професор по биологија на Државниот универзитет во Њу Мексико, за ЛајвСајнс.
Доколку комарците успеат да преживеат во Исланд во одреден момент, тоа нема да биде прв пат област без комарци да стане дом на овие крвопијци. На пример, Хаваи, најизолираниот архипелаг во светот, немал комарци сè до 1826 година, кога пристигнале на американски и европски бродови. Оттогаш тие се рашириле низ островите, а со порастот на температурата почнале да ги населуваат некогаш студените шуми на големи надморски височини.
Како што е наведено, нема комарци дури ни на Антарктикот, но овој континент не е држава, па затоа не е дел од одговорот на ова прашање.






