четврток, 5 јуни 2025

Дали може да почувствуваме земјотрес во авион?

За жал, повеќето од нас се запознаени со земјотресите, па затоа за овој разорен феномен не е потребен посебен вовед. Од научна гледна точка, тоа е ненадејно ослободување на енергија во Земјината кора, што предизвикува сеизмички бранови кои патуваат кон површината и предизвикуваат вибрации на земјата. И додека некои земјотреси се безопасни, други рушат огромни згради како од шега, потонуваат бродови и предизвикуваат цунами.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Земјотресот вибрира од хипоцентарот во сите правци со различни бранови. Годишно на Земјата се регистрираат повеќе од милион земјотреси, главно незабележливи за човечките сетила – а 20 до 30 земјотреси годишно предизвикуваат човечки жртви. Но, дали земјотресите можат да се почувствуваат во авион?

Местото од каде потекнува земјотресот во длабочината на Земјата се нарекува хипоцентар или фокус на земјотресот. Може да биде директно под површината до длабочина од 750 км – земјотрес со подлабока фокусна точка досега не е забележан.

Земјотресите се случуваат долж границите на тектонските плочи, најчесто на точките каде што се среќаваат, а главната причина за нивното движење е протокот во внатрешноста на Земјата, кој се јавува поради температурната разлика помеѓу жешкото јадро на Земјата и постудената површина.

„Кога сеизмичките бранови ја напуштаат Земјината кора и минуваат низ атмосферата, тие се претвораат во звучни бранови. Меѓутоа, бидејќи овие бранови обично се под опсегот на звук што луѓето можат да го чујат (под 20 херци), тие остануваат незабележани“, објаснуваат научниците за Сајнс еј-би-си, додавајќи дека татнежот што го слушаме за време на земјотрес е предизвикан од сеизмички бранови што патуваат низ цврст материјал, како што се карпи или бетон.

Брановите постепено ја губат својата енергија со текот на времето и растојанието, и затоа нивниот интензитет слабее додека патуваат низ медиум како што е воздухот. На пример, поради природата на бранот, можеме добро да го чуеме предавачот ако седнеме во првиот ред до него, но во задниот ред ќе звучи потивко.

Така, дури и ако сеизмичките бранови успеат да поминат растојание од околу 11 километри, или висината на која обично летаат авионите, тие би биле толку ослабени што нема да ги слушнете преку татнежот на моторите на авионот, а камоли да ги почувствувате вибрациите како оние на земјата. Затоа, најбезбедно место за време на земјотрес е авионот, под услов да лета, односно да е во воздух.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ