Кофеинот го подобрува расположението и будноста со блокирање на аденозинските рецептори, што ја зголемува активноста на допамин во клучните региони на мозокот.
Позитивното влијание на расположението е поизразено наутро, иако не е сосема јасно дали тоа е поврзано со намалувањето на симптомите на апстиненција, пренесува Слободна Далмација.
Студијата, објавена во „Сајантифик рипортс“, вклучувала 236 млади возрасни Германци и покажала конзистентни подобрувања во расположението кај сите учесници, без оглед на нивните навики за консумирање кофеин, нивоата на анксиозност или депресивни симптоми.
И покрај неговите ефекти врз подобрувањето на расположението, истражувачите предупредуваат дека кофеинот може да предизвика зависност и е поврзан со здравствени ризици како што се забрзано чукање на срцето, анксиозност и нарушувања на спиењето доколку се консумира прекумерно или доцна во денот.






