среда, 30 април 2025

Дали бракот додава килограми?

Новото истражување покажува невообичаена врска помеѓу бракот и телесната тежина.

Фото: Ансплеш

Објавено на

часот

Сподели

Тим од Националниот институт за кардиологија во Варшава, Полска, откри дека бракот всушност може да доведе до прекумерна тежина или дебелина – но тоа не е исто за мажите и жените.

За мажите, бракот тројно го зголемува ризикот од дебелеење и го зголемува ризикот од прекумерна тежина за 62 отсто.

Од друга страна, брачниот статус не влијаел на ризикот од дебелина кај жените, но го зголемил ризикот од прекумерна тежина за 39 отсто.

Дебелината го зголемува ризикот од дијабетес тип 2, висок крвен притисок, кардиоваскуларни болести и неколку видови на рак.

Во најновото истражување, авторите на студијата анализирале податоци од 2.405 луѓе (половина жени, половина мажи), со просечна возраст од 50 години. Од оваа популација, 35,3 отсто биле со нормална тежина, 38,3 отсто биле со прекумерна тежина, а 26,4 отсто биле дебели.

Иако бракот е поврзан со зголемување на телесната тежина кај двата пола, беше откриена позначајна врска помеѓу бракот и дебелината кај мажите, со тоа што оженетите мажи имаат 3,2 пати поголема веројатност да развијат дебелина од самците.

Авторите на студијата не открија значајна разлика во дебелината помеѓу мажените и немажените жени и ја припишуваат оваа разлика на родовите ставови кон дебелината кај мажите во споредба со жените.

Оваа информација се надоврзува на претходните студии кои откриле дека мажите имаат поголема веројатност да се здебелат по бракот отколку жените.

Претходна студија, објавена во списанието Екомоикс & Хјуман бајолоџи, конкретно покажа дека бракот има значително влијание врз индексот на телесна маса (БМИ) кај мажите во првите пет години од бракот.

Експертите забележаа дека овој скок на БМИ се случил затоа што мажите имаат тенденција да јадат повеќе и да вежбаат помалку како што напредувал нивниот брак.

Претходните истражувања покажаа дека оженетите имаат тенденција да имаат значително повисок БМИ од слободните, откривајќи дека колку некој е позадоволен во интимна врска, толку е поголема веројатноста да станат дебели.

Во однос на возраста како независен фактор на ризик, најновата студија покажа дека секоја година од животот го зголемува ризикот од прекумерна тежина и дебелина кај двата пола.

Истражувањето на 8.000 лица покажа дека жените кои живеат во заедници имаат 46 отсто поголеми шанси да живеат со дебелина и 42 отсто поголеми шанси да бидат со прекумерна тежина. Од друга страна, кај мажите оваа животна ситуација не го зголемила ризикот за ниту една од овие состојби.

Истражувачкиот тим сака да ги истражи социјалните, психолошките и еколошките фактори кои влијаат на зголемувањето на телесната тежина кај жените во споредба со мажите.

„Возраста и брачниот статус имаат непобитно влијание врз животот со прекумерна тежина или дебелина во зрелоста, без оглед на полот“, велат авторите на студијата, пренесува Нет.хр.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ