„Тоа ќе се случи веќе во текот на 30-тите години на овој век“, рече тој и додаде:
„Доаѓа моментот кога вашиот паметен телефон ќе остане во џебот поголемиот дел од времето. Мислам дека тоа ќе се случи во текот на 30-тите години од овој век“.
Според неговите зборови, новото технолошко чудо ќе бидат таканаречените паметни очила.
Мета (која не е единствена) развива паметни очила кои ќе можат да фотографираат, снимаат, пуштаат музика и видео записи, примаат и отвораат електронска пошта и пораки, преведуваат во реално време она што го гледаме, прикажуваат рути и правци до посакуваните локации во видното поле на корисникот, прикажуваат проширена и виртуелна реалност, даваат информации за објектите кои ги набљудуваме, мерат срцев пулс, крвен притисок… и, секако, ќе бидат поврзани со вештачка интелигенција, што дополнително ќе ги прошири можностите за нивна примена.
Ако мислите дека за сето ова ќе биде потребна вселенска кацига или обемни очила за виртуелна реалност, се лажете. Според најавите на Закерберг, ова ќе бидат навидум сосема обични очила, слични на очилата за сонце.
„Ќе се случи истото што се случи и со компјутерите“, изјави Закерберг.
Сите ги имаме дома, но најчесто користиме мобилни телефони. Истото, предвидува тој, би можело да се случи и со паметните телефони во наредните години.






