недела, 7 декември 2025

Црните габи од Чернобил растат побрзо поради зрачењето

Црните габи што растат на урнатините оставени од експлозијата на нуклеарната централа во Чернобил растат побрзо благодарение на зрачењето – тие се хранат со зрачење, покажа студијата на научникот Нели Жданова, по која следеа и некои подоцнежни истражувања, пренесува Би-би-си.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Овие печурки израснале на едно од најрадиоактивните места во светот, како што покажа истражувањето на Жданова, како што растенијата ја бараат сончевата светлина, така овој вид печурки го привлекува јонизирачкото зрачење. Како што се наведува, заклучоците од нејзиното истражување нудат надеж за можноста за чистење радиоактивни простори и дури укажуваат на начини како астрономите можат да се заштитат од штетното зрачење додека патуваат во вселената.

Жданова ги нарекла овие габи „радиотропни“, а нејзините откритија од 1997 година ги навеле научниците во НАСА во следните две децении да размислуваат дали ѕидовите направени од овие габи би можеле да бидат начин за заштита на астронаутите. Како што се покажа за време на истражувањето, пигментот меланин е причината зошто овие печурки се црни, и токму тој делува како штит од јонизирачко зрачење.

Во 2007 година, нуклеарниот научник Екатерина Дадачова од Медицинскиот колеџ „Алберт Ајнштајн“ во Њујорк, продолжи со работата на Жданова откривајќи дека растот на црната габа се забрзува во присуство на зрачење. Како што се покажа, дури и галактичкото космичко зрачење не е проблем за примероци од овој вид габа пронајдени во Чернобил. За време на истражувањето во декември 2018 година, примероци од габата беа испратени до Меѓународната вселенска станица, потсетува Би-би-си.

„Покажавме дека тие напредуваат и растат уште подобро во вселената“, рече Нилс Авереш, биохемичар на Универзитетот во Флорида и еден од авторите на студијата.

Резултатите од сите истражувања доведоа до разгледување на опцијата за производство на мебел и ѕидови од овие габи што би можеле да се создадат на Месечината или на Марс. Овој тип на „микро-архитектура“, доколку наодите на Дадачова и Авереш се покажат како точни, би можел да се користи и како штит од зрачење, бариера помеѓу луѓето и бурата од галактичко космичко зрачење, објави Би-би-си.

Исто како што овие црни габи се населиле во напуштениот свет на Чернобил, еден ден би можеле да ги заштитат првите чекори на човекот во освојувањето на нови светови некаде во Сончевиот систем, пренесе британскиот јавен сервис.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ