четврток, 18 декември 2025

Чудна розова магла ги изненади Британците: Нема опасност од овој редок феномен (ФОТО)

Многу Британци вчера забележаа необична глетка – градовите беа обвиткани во розова магла, што е редок метеоролошки феномен.

Фото: Ансплеш

Објавено на

часот

Сподели

Жителите на Лондон и југоисточна Англија пријавувале „необични розови нијанси“, додека бројни фотографии беа објавени на социјалните мрежи.

Кога се случува овој феномен?

Експертите објаснуваат дека овој феномен се случува кога сонцето е ниско над хоризонтот, при изгрејсонце или зајдисонце. Светлината тогаш патува низ поголем дел од атмосферата, а ситните водени капки во маглата распрскуваат сина и зелена светлина – додека црвената минува непречено.

Поради тоа маглата добива розова или црвеникава боја, пренесува Индипендент.

Иако е воодушевувачка глетка, експертите истакнуваат дека станува збор само за оптичка илузија и не укажува на никаква опасност, освен вообичаените ризици што ги носи маглата, како што е намалената видливост.

Оваа необична појава е забележана во моментот кога метеоролозите предупредуваат на можни прекини во воздушниот сообраќај, откако беше активирана тревога во Лондон и други делови од Велика Британија.

Метеоролозите наведуваат дека во одредени области е забележана „густа магла“ со видливост до 100 метри, што предизвика откажување и одложување на летови, со предупредувања до граѓаните да бидат внимателни во сообраќајот.

Ретката појава на розова магла, освен што предизвикува збунетост кај луѓето, нè потсетува и како атмосферските услови можат да создадат спектакуларни сцени во секојдневниот живот – и колку природата може да нè изненади дури и во урбани средини.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ