понеделник, 8 декември 2025

Човекот што ја предвиде глобалната економска криза во 2008 година, сега се обложува против „возбудата“ околу вештачката интелигенција

Инвеститорот на хеџ фондот Мајкл Бери, кого го глуми актерот Кристијан Бејл во филмот „Големата криза“ од 2015 година, каде трговците заработија милиони предвидувајќи го колапсот на „балонот“ на пазарот на недвижности во САД во 2008 година, овој пат се обложи против предвидениот развој на вештачката интелигенција.

Фото: Ансплеш

Објавено на

часот

Сподели

И тоа буквално. Компанијата на Бери, како што пренесува Би-би-си, купила финансиски производи – опции, во вредност поголема од милијарда долари, кои ќе се исплатат ако цената на акциите на компании поврзани со вештачка интелигенција – Енвидија и Палантир, падне.

Ова се случува по објавата на мрежата Икс.

„Понекогаш гледаме балони. Понекогаш има нешто што може да се направи во врска со тоа. Понекогаш единствениот победнички потег е да не се игра.“

Пазарите ширум светот нагло пораснаа во текот на годината, бидејќи инвеститорите вложуваа свои токени во компании поврзани со вештачката интелигенција, вклучувајќи ги Енвидија, Интел и АМД.

Бери купил 1.000.000 опции на Енвидија, во вредност од 186,6 милиони долари. Се чини дека е поголем песимист во врска со Палантир, бидејќи купил 5.000.000 милиони опции чија основна вредност е 912,1 милиони долари.

„Заморот од вештачката интелигенција и моменталниот бран на заработка се чини дека ги наведуваат инвеститорите да ја доведат во прашање одржливоста на возбудата околу вештачката интелигенција. Ова ги повлече компаниите со вештачка интелигенција од пазарите преку ноќ“, изјави финансискиот аналитичар Фархан Бадами.

„Јаху Фајнанс“ објави дека Бери остварил профит од 800 милиони долари од пукањето на балонот на недвижностите. Неговата приказна е раскажана во книгата од 2010 година „Големата криза: Внатре во машината на судниот ден“ и во филмот од 2015 година „Големата криза“.

Многу скокови на акции на технолошки компании се поврзани со големи инвестиции во компаниите. На пример, акциите на Амазон достигнаа рекордно високо ниво откако објавија договор од 38 милијарди долари со ОпенАИ. Од друга страна, по објавата на Бери, акциите на Енвидија, првата компанија чија вредност е проценета на повеќе од пет трилиони долари, паднаа за речиси четири проценти. Пад на акциите беше регистриран на азиските берзи.

Експертите велат дека покрај прогнозата на Бери, која предизвика краткорочен пад, причината произлегува и од неодамнешниот „остар раст“ на акциите.

Инвестицискиот аналитичар Винсент Фернандо од консултантската куќа „Зеро уан“ го опиша порастот како „меч со две острици“, бидејќи ненадејниот скок може да привлече инвеститори, но исто така ги прави акциите ранливи на падови секогаш кога ќе се промени расположението на пазарот.

„Пазарот може да се загрижи ако компанијата троши премногу на вештачка интелигенција и нема да оствари доволно поврат на тие трошоци“, ги потврди Фернандо предвидувањата на Бери.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ