сабота, 6 декември 2025

Човек доби трансплантација на бубрег од генетски модифицирана свиња (ФОТО)

Американец од американската држава Њу Хемпшир стана најновиот пациент на кого му е трансплантиран експериментален бубрег од генетски модифицирана свиња, соопштија лекарите во Општата болница во Масачусетс.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Пациентот, 54-годишниот Бил Стјуарт, беше опериран на 14 јуни и добро заздравува, соопштија од болницата.

„Навистина сакав да придонесам за науката“, изјави Стјуарт за Асошиејтед прес.

Медицинскиот тим истакна уште еден значаен резултат – кај претходен пациент од истата држава, Тим Ендрус, трансплантираниот свински бубрег функционира седум месеци, што е најдолгиот забележан период досега, претходниот рекорд беше 130 дена.

Врз основа на минатото искуство со неколку индивидуални трансплантации, Управата за храна и лекови на САД (ФДА) одобри еГенезис да започне клинички испитувања на луѓе за трансплантација на бубрег од свиња (ксенотрансплантација).

Повеќе од 100.000 лица се на листата на чекање за трансплантација на органи во САД, од кои повеќето чекаат бубрег, а илјадници умираат пред да добијат соодветен орган.

Научниците генетски модифицираат свињи за да ги направат нивните органи послични на човечките и помалку подложни на имунолошко отфрлање.

Д-р Ријела истакна дека терапијата на Стјуарт била приспособена за да се спречи отфрлање на орган, исто како и кај претходниот пациент.

Тој додаде дека е прерано да се даваат предвидувања за долговечноста на свинските бубрези кај луѓето, но дека дури и привременото решение на проблемот би можело да донесе значителни придобивки за пациентите кои чекаат соодветен човечки орган.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ