петок, 12 декември 2025

Чорапот на Мајкл Џексон продаден на аукција за 6.200 евра (ФОТО)

Чорап со светки што го носел кралот на поп-музиката Мајкл Џексон за време на неговата француска турнеја во 1997 година е продаден на аукција во градот Ним за 6.200 евра, соопштија организаторите.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Чорапот, украсен со кристали, првично бил проценет на 4.000 евра, а имал посебна вредност бидејќи Џексон го носел за време на спектакуларниот настап во Ница, на стадионот Чарлс Херман, на 27 јуни 1997 година, за време на изведбата на песните „Beat It“ и „Billie Jean“, пренесува Фигаро.

Овој предмет го пронашол тогашниот сценски техничар во близина на соблекувалната по концертот. Тој го чувал чорапот заедно со пропусницата за зад сцената и потврдата за плаќање, што служело како доказ за автентичност.

Претходниот обид за продажба на 21 јули не успеа поради, наводно, слабото медиумско известување.

Новиот датум на аукцијата предизвика поголем интерес кај колекционерите, па чорапот беше продаден за повеќе од двојно поголема цена од почетната, која изнесуваше 2.500 евра.

Капата што музичарот ја носел за време на неговата прва изведба на танцот „прошетка на месечината“ на телевизија во 1983 година, минатата година е продадена во Париз за 77.640 евра.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ