недела, 7 декември 2025

Четврто светло на семафорот би можело да стави крај на бесконечното чекање на црвено (ВИДЕО)

Нова боја на семафорот засекогаш ќе го промени сообраќајот во иднина. Научници од Универзитетот во Северна Каролина предложија револуција во сообраќајот – воведување на четврто, бело светло на семафорите.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Нивната идеја предвидува иднина во која луѓето и автономните возила ги делат истите патишта, а паметните автомобили ја преземаат контролата врз раскрсниците.

Новото „бело светло“ ќе се вклучува само кога на раскрсницата има доволно возила што управуваат самостојно. Овие возила би разменувале податоци меѓусебно и заеднички би го управувале сообраќајот, додека за „луѓето“ возачи сигналот би бил едноставна порака – следете го автомобилот пред вас.

Според истражување објавено во списанието ИЕЕЕ, овој систем би можел да го намали застојот меѓу 3 и 94 отсто и да ја зголеми ефикасноста на сообраќајот за дури 98,9 отсто во споредба со класичните семафори.

Црвената и понатаму би значела „стоп“, зелената „тргни“, а белата – „препушти го воланот на технологијата“.

Иако ќе поминат години додека таков систем стане реалност, научниците тврдат дека би можел целосно да го промени начинот на кој се движиме низ градовите на иднината.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ