понеделник, 19 мај 2025

Четири начини за правилно миење на јагодите

Јагодите се едно од омилените овошја што многу луѓе со нетрпение го очекуваат со доаѓањето на потоплите денови.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Освен што се неодоливо вкусни и богати со витамини, важно е да се обрне внимание на нивната правилна подготовка пред консумирање.

Бидејќи се многу чувствителни и често доаѓаат во контакт со разни нечистотии и пестициди, клучно е да знаете како темелно да ги измиете, пренесува Данас.

Постојат четири докажани методи кои ќе ви помогнат да уживате во јагодите без грижа.

Обична вода

Плакнењето на јагодите под млаз ладна вода може да биде ефикасно, но подобро е секоја јагода да се измие поединечно или накратко да се потопи во сад со ладна вода. Потоа добро избришете ги со хартиена или платнена крпа.

Вода и алкохолен оцет

Ставете вода и алкохолен оцет во сооднос 3:1 во сад. Јагодите оставете ги да отстојат во оваа смеса 15 до 20 минути, а потоа добро исплакнете ги со чиста вода и исушете ги.

Вода и сода бикарбона

Во четири чаши вода додадете една лажичка сода бикарбона. Потопете ги јагодите во оваа течност околу пет минути, потоа исплакнете ги и добро исушете ги.

Вода и сол

Додадете една кафена лажичка сол на секоја чаша топла вода. Јагодите потопете ги пет минути, а потоа исплакнете и исушете ги.

Овие методи помагаат да се отстранат нечистотиите и остатоците од пестициди од јагодите, што ги прави побезбедни за јадење.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ