вторник, 1 април 2025

Цената на оваа монета се зголеми за 50.000 пати поради мала грешка (ФОТО)

Една монета Бетарикс Потер од 50 пени се продава за 50.000 пати поголема вредност од очекуваната поради мала грешка што ја забележал сопственикот.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Комеморативната монета била огласена за 25.000 фунти откако сопственикот од Дерехам забележал парче метал како штрчи од подножјето на монетата Питер Рабит.

Кралската ковачница произведе речиси 20.000.000 од монетите Питер Рабит од 50 пени од 2017 година, како дел од серијата монети во чест на авторката на книги за деца Беатрикс Потер.

Тие генерално не се сметаат за ретки и вредат најмногу неколку фунти поради големата количина на монети во оптек.

Парчето од 50 пени стана највредна монета во Велика Британија, со дијаметар од 27,5 милиметри што ја прави најголема од сите британски монети и обезбедува простор за украсни слики.

Често се користи за да се прослават големите настани во последните 50 години од британската историја, пренесува британски весник.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ