петок, 26 декември 2025

Брзиот воз во Кина постигна рекордна брзина од 800 километри на час

Лабораторијата „Хубеј ист лејк“ во централна Кина денеска објави револуционерно достигнување во технологијата за брзи возови, кој на тест за брзина постигна 800 километри на час за само 5,3 секунди, што претставува пресвртница во истражувањето на електромагнетниот погон.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Тестот опфатил пруга од 1.000 метри, при што возот од 1,1 тони достигнал максимална брзина од околу 800 метри и застанал на крајната точка по осум секунди патување, пренесува денеска Синхуа.

Лабораторијата во соопштението наведува дека ова е овозможено благодарение на систем за електрично водење со постојан магнет, заедно со електромагнетен погон, кој ги надмина предизвиците како што се аеродинамична стабилност при голема брзина, безжичната комуникација со ниска латенција и прецизната контрола на линеарните мотори.

Ова е трет светски рекорд што лабораторијата го постигна за шест месеци, по демонстрациите од 650 километри на час на 16 јуни и 700 километри на час на 14 јули.

Се наведува дека линијата за тестирање од 1.000 метри ќе функционира како отворена платформа што ќе поддржува истражување и развој во следната генерација на маглев транзит, како што се нарекува технологијата, електромагнетни лансирања во воздухопловството и проекти за економија на ниски височини, нудејќи поддршка за најсовремени транспортни технологии.

Маглев брзината се мери во контролирани, експериментални возења за возови со магнетна левитација.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ