Артефактот од 16 век откриен во 2019 година во Ворикшир сега ќе биде дел од јавна колекција.
Повеќе од 45.000 граѓани донираа средства, соопштија властите.
Најголемиот придонес дојде од Националниот фонд за споменици и наследство (два милиони евра), потоа од Фондот Џулија Раусинг (575.000 евра) и Американските пријатели на Британскиот музеј (345.000 евра), пренесува Би-би-си.
Британскиот музеј планира да го вклучи златниот приврзок, познат како „Тјудорско срце“, во својата постојана колекција и да го прикаже на идната турнеја низ Велика Британија.






